(Фото) МВР откри возач кај кого се измерени 3,7 промили алкохол во крвта

Фото-МВР-откри-возач-кај-кого-се-измерени-37-промили.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје.


Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK