Општина Аеродром објави оглас за спроведување постапка за јавна набавка за изведување градежни работи за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“. Станува збор за проект кој градоначалникот Тимчо Муцунски го најави на крајот на минатата година, а кој започна да се реализира на почетокот на оваа. Со ова се решава проблемот со згрижувањето на дечињата во најнаселениот дел од општина Аеродром.
„Предизвиците во делот на социјалната грижа и заштита ги решаваме со нова капитална инвестиција. Станува збор за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“ со дополнителна површина од 1600 квадратни метри и капацитет за згрижување на уште 200 дечиња“, истакна градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата фејсбук страна.
Освен доградбата и надградбата на детската градинка „Изворче“, во следниот период планирано е да започне и постапката за доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“, известува општината.