Амабасадорот нека каже со име и презиме кој вршел притисок во Врховниот суд, вели Ковачевски по критиките

ВМРО-ДПМНЕ-Ковачевски-пред-избори-им-фрла-трошки-на-граѓаните-тој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во ред ставот на амбасадорот, но ако има притисок, треба да се каже со име и презиме, вели премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар по критиките на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, за несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателката на Врховниот суд.


„Не сум го запознал никогаш претседателот на Врховниот суд во капацитет на својата дејсност бидејќи се одвоени судската и извршната власт. Доколку било кој бил под притисок на било кого, тоа треба да го каже со име и презиме“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Ковачевски ги упати новинарите за падот на владеењето на правото да ги прашаат тие кои што се задолжени за владеењето на правото“.

Амбасадорот Дирк Јан Коп пред неколку дена се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ целиот политички спектар. Исто така, како што посочи амбасадорот, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK