Трамп: Не знам дали ќе и помогнеме на Европа доколку биде нападната, зависи од тоа како ќе се однесува

Трамп-Не-знам-дали-ќе-и-помогнеме-на-Европа-доколку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека знае кого сака за свој потпретседател во трката за претседател во 2024 година и дека неговата посветеност на НАТО алијансата ќе зависи од тоа како Европејците се однесуваат кон Соединетите држави.


Трамп, фаворит за републиканска номинација, беше запрашан од домаќините на Fox News Live во градското собрание во Де Мојн кој ќе биде негов потпретседател.

„Не можам навистина да ви кажам. Мислам, знам кој ќе биде“, рече Трамп на собирот републикански гласачи во Де Мојн, Ајова.

Трамп беше прашан и за неговиот став кон НАТО. Прашањето уследи по најавата во средата дека Трамп им кажал на највисоките европски претставници додека беше претседател дека САД никогаш нема да и помогнат на Европа доколку биде нападната.

„Зависи од тоа дали ќе се однесуваат правилно со нас“, рече Трамп на прашањето на водителот на „Фокс“ за неговата посветеност на НАТО Алијансата.

„Видете, НАТО ја искористи нашата земја. Европските земји тоа го искористија“.

За време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, Трамп постојано се судрираше со традиционалните европски сојузници околу трошоците за трговија и одбрана.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена во вторникот, Трамп одржува убедливо водство во трката за партиски кандидат. Анкетата му дава 49 отсто од гласовите на републиканците, пред Хејли со 12 отсто и ДеСантис со 11 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK