Два земјотреси ја погодија Романија, од почетокот на месецов регистрирани вкупно 12 земјотреси

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди областа Вранча во Романија, откако регионот синоќа беше погоден од земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 3,6 степени бил на длабочина од 99,4 километри, а епицентарот на земјотресот со јачина од 3,4 степени бил на длабочина од 81,8 километри, соопшти романскиот национален институт за истражување и развој на геофизиката.

Од почетокот на месецов во Романија се регистрирани вкупно 12 земјотреси со јачина од 2,1 до 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес во Романија минатата година, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, се случи на 14 февруари во југозападниот округ Горц, објави Аџерпрес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK