На американскиот министер за одбрана Лојд Остин му бил дијагностициран рак на простата.
„На министерот за одбрана Лојд Остин во декември му беше дијагностициран рак на простата и беше подложен на минимално инвазивна процедура за лекување. Министерот Остин без проблем се опорави од операцијата и следното утро се врати дома. Ракот на простатата му е откриен рано, а неговата прогноза е одлична“, се вели во изјавата.
Остин потоа беше хоспитализирам на 1 јануари „со компликации од процедурата на 22 декември, вклучително и гадење со силна болка во стомакот, колкот и нозете“, изјавија официјалните лица.
Откако во јавноста стигна информацијата дека Остин е хоспитализиран, настана скандал бидејќи никој од највисоките функционери – дури ни самиот американски претседател Џо Бајден – не знаел ништо за неговата состојба.