Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита Божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан.
Џафери му посака на г.г. Стефан, како првиот на православната верска заедница добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации, и за напредокот.
За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.