Четири лица се тешко повредени во Австрија кога утрово се урна кабина на жичарница во ски-центарот Хохец.
Австриската новинска агенција објави дека дрво паднало врз жичницата на жичарницата „Ахеркогелбан“ во скијачката област во провинцијата Тирол и дека кабината се откачила.
Во моментот на несреќата во кабината имало четири лица. Според првите полициски информации од австриската полиција, сите се тешко повредени.
На местото на несреќата се упатиле спасувачи, а ангажирани се и хеликоптери. Идентитетот на повредените се уште не е откриен.
Ски-центарот е привремено затворен.