Габријел Атал е назначен за нов премиер на Франција.
Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше 34-годишниот министер за образование Габријел Атал за премиер, пренесоа француските медиуми.
Тој на таа функција ќе ја наследи Елизабет Борн, која вчера поднесе оставка.
Атал е и првиот премиер на Франција кој е хомосексулец.