Уби 77 луѓе, тврди дека му ја ограничуваат комуникацијата со надворешниот свет-Масовниот убиец Брејвик ќе ја тужи Норвешка

Уби-77-луѓе-тврди-дека-му-ја-ограничуваат-комуникацијата-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Масовниот убиец Андерс Брејвик (44), кој уби 77 луѓе во 2011 година во масовно пукање на норвешкиот остров Утоја, има намера од судот во Норвешка да побара укинување на неговата изолација, но и да ја тужи таа земја за наводно ограничување на неговата комуникација со надворешниот свет.


Брејвик во 2011 година прво со автомобил уби осум лица во Осло, а потоа уби уште 69, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоја, а ова се смета за најголемото злосторство извршено во Норвешка.

Брејвик се наоѓа во затворот Рингерик, 70 километри северо-западно од Осло, а просторот што го користи има соба за вежбање, кујна, ТВ соба и бања, му е дозволено да чува три папагали како домашни миленици кои слободно летаат во областа, пренесува Ројтерс повикувајќи се на локалната агенција.

Адвокатот на Брејвик рече дека повеќе од една деценија во самица „без значајна интеракција“ имала разурнувачки ефект врз неговиот клиент, додавајќи дека Брејвик е самоубиствено настроен и зависен од лекот за депресија „Прозак“, кој го користи за да ги преживее затворските денови.

Адвокатите кои го застапуваат Министерството за правда велат дека Брејвик мора да биде одвоен од останатата затворска популација поради постојаната безбедносна закана што ја претставува и дека неговата изолација е „релативна“ со оглед на тоа што има контакт со чувари, свештеник, здравствени работници и , до неодамна надворешен волонтер, кого Брејвик повеќе не сака да го гледа.
Брејвик гледа и двајца затвореници по еден час секоја втора недела.

Како што тврдат адвокатите, контролата врз контактите на Брејвик со надворешниот свет е оправдана со ризикот тој да ги инспирира другите да вршат насилни дејствија. Ова особено се однесува на контакти со крајнодесничарски кругови, вклучително и луѓе кои сакаат да воспостават контакт со Брејвик како резултат на терористичките акти од 22 јули 2011 година, велат адвокатите, наведувајќи го како пример Брентон Тарант, кој инспириран од злосторството на Брејвик, уби 51 лице во две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд во 2019 година.

Брејвик е осуден на 21 година затвор, што е најдолгата казна што може да ја изрече норвешкиот суд, која може да биде продолжена се додека тој се смета за закана за општеството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK