Едно лице починало, а друго е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако се затруле од хемиска материја на свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово.
Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т.(48), а во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пренесено лицето С.Ј.(53), велат од полицијата.
Телото на починатиот работник според надлежните ќе биде предадено на обдукција, а повеќе информации за оваа трагедија се најавени за утре.