Сообраќајот се одвива по влажни коловози, врнежи од снег во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија

Сообраќајот-се-одвива-по-влажни-коловози-врнежи-од-снег-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK