Пронајдени пушка и патрони при претрес во Драчево, приведено едно лице

10-2702-192873.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија, го лишиле од слобода З.М.(46) од Драчево, Скопје.


Имено, по претходни сознанија и добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 44 ловни патрони.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK