Од 2016 година неговиот дом бил поплавен 11 пати, а потоа решил да го спречи тоа
Ник Луптон и неговата сопруга Ени живеат во близина на реката Северн во Ворчестер, Англија во дом од 17 век на имот вреден повеќе од 765.000 долари. Од 2016 година, неговиот дом бил поплавен 11 пати, а за да го спречи тоа, сопственикот одлучил да изгради масивен ѕид околу имотот.
Исцрпени од чистењето по повеќекратните поплави, Луптон и неговата сопруга поминале со месеци градејќи ѕид за да го заштитат својот дом, изјави Луптон за Би-Би-Си.
Тие го завршија ѕидот во средината на септември, а беше ставен на тест со поплава еден месец подоцна. Луптон рече дека го исполнил предизвикот – и продолжува да го прави тоа.
„Ѕидот е таму за да ни го олесни животот, но и да ја заштити куќата на долг рок“.
„За среќа, го помина тестот“, рече тој, додавајќи дека повторно е тестиран оваа недела и дека тоа е многу добар тест бидејќи ова е една од најголемите поплави што ги доживеале.
Луптон верува дека има многу фактори кои придонеле за поплавите во неговиот дом – вклучително и климатските промени.
Се предвидува дека зимите во Обединетото Кралство во просек ќе станат потопли и повлажни, а според проценките, во рок од 50 години зимите ќе бидат до 4,5 степени Целзиусови потопли и до 30 отсто повлажни.
Бурата Хенк донесе силен дожд во делови од Англија и Велс, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, прекин на железницата и затворање на големи патишта поради поплави.
Дрва паднаа на патишта и железнички пруги, а имаше и жртви. Поплавите во Англија ќе продолжат и во наредните пет дена, а се стравува од значително заладување кое може да донесе мраз и снег.