Пет дена по земјотресот во Јапонија, 90-годишна старица спасена од урнатините

Пет-дена-по-земјотресот-во-Јапонија-90-годишна-старица-спасена-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пет дена по разорниот земјотрес, жена на 90-годишна возраст била извлечена од урната куќа во градот Сузу во префектурата Ишикава, на западниот брег на Јапонија, соопшти јапонската полиција.


Жената била извлечена од урнатините на двокатницата околу 20 часот и 20 минути по локално време, била комуникативна и одговарала на прашањата на спасувачите, пренесува агенцијата Кјодо.

Постарата жена е префрлена на лекување во Општата болница Сузу и се опоравува, соопштија од медицинската установа.

Сузу е еден од крајбрежните градови најтешко погодени од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот јапонски полуостров Ното на Нова година.

Полицијата и покрај тоа ги продолжува спасувачките напори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK