Скопје повторно се најде помеѓу топ 10 најзагадени градови во светот според веб страна која го мери квалитетот на воздухот iqair.
Денес сме на 7-мото место исто како и вчера со екстремна загаденост на воздухот.
Во некои делови од градот загаденоста достигнуваше и до 750 мг/м3.
Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително здравје.
Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.