Маж поминал 24 часа во oкеан: се соочил и со ајкула, а бил спасен поради рачниот часовник

Маж-поминал-24-часа-во-oкеан-се-соочил-и-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човек кој поминал речиси 24 часа во океанот кај Нов Зеланд бил спасен откако го привлекол вниманието на рибарите користејќи ги сончевите рефлексии од неговиот часовник, пишува „Скај њуз“.


Полицијата соопшти дека е апсолутно чудо што човекот, чиј идентитет не е објавен, бил жив откако во вторникот паднал во океанот од чамец долг 12 метри додека ловел риба.

Мажот рекол дека чамецот се превртел откако фатил риба. Тој ја издржал цела студена ноќ во океанот, па дури и се соочил со ајкула, соопшти полицијата. Се обидел да исплива 55 километри до островите Алдерман, на североистокот на Нов Зеланд, но брзо се исцрпил и струите го влечеле понатаму.

Мажот на крајот бил спасен откако тројца рибари забележале необичен одраз во водата. Набрзо сфатиле дека станува збор за човек кој очајно се обидува да го привлече нивното внимание користејќи го отсјајот на сонцето на својот часовник.

„Чудо е што рибарот го преживеа ова. Без брзата акција на тројцата мажи кои го извлекоа, ова сигурно ќе имаше трагичен исход“, соопшти полицијата.

Мажот итно бил пренесен во болница каде што бил лекуван поради хипотермија и исцрпеност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK