Стотици илјади ќе го напуштат Косово со визната либерализација, вели Спахиу

Државјаните-на-Косово-веќе-можат-да-патуваат-во-ЕУ-без.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу изјави дека по стапувањето во сила на визната либерализација, можно е околу половина милион жители на Косово годинава да заминат во земјите од Западна Европа.


Спахиу за агенцијата Бета изјави дека мнозинството жители на Косово ќе се обидат да најдат работа на Запад, но и дека многумина ќе заминат поради страв од војна.

„Речиси секое семејство од Косово има барем еден член кој живее и работи на Запад. На Косово платите се многу ниски, а невработеноста е висока, па многу млади луѓе својата иднина ја гледаат во развиените земји од Западна Европа“, рече Спахиу.

Тој рече и дека визната либерализација ќе предизвика пресврт во Косово. Заминувањето на голем број млади ќе влијае на косовското општество во многу области. Се очекува значителен број пензионери да го напуштат Косово и да заминат да живеат со своите деца на Запад, посочува аналитичарот.

Покрај социјалните и економските причини, смета Спахиу, многумина ќе го напуштат Косово и поради стравот од војна.

„Стравот од војна ќе постои додека целосно не се спроведе француско-германскиот план. Поради стравот од војна, значително помалку луѓе дојдоа на Косово од Запад за новогодишните празници отколку во претходните години“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK