Вчера на улицата Миро Барага во Пробиштип, автомобил „даеву тико“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.П.(46) од селото Стрмош, пробиштипско, удрило во Л.К.(61) од Пробиштип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.