Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците.
Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.
Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено“, велат од опозициската партија.
Според нив, граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани.
„Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици.
Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.