Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура на Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства.
„Русија ја започна новата година со истрелување преку сто проектили и беспилотни летала кон Киев, Харков и други градови, гаѓајќи цивили, уништувајќи станбени области и инфраструктура. Русија ќе биде повикана на одговорност за своите воени злосторства“, напиша Борел на платформата Икс ( Твитер).
Тој додаде дека Европската унија ќе застане на страната на Украина.
Русија изврши воздушен напад врз Киев и Харков. Во рускиот напад загинаа пет лица, 130 беа повредени, а повеќе од 250 цивилни објекти беа оштетени.