Полицијата вчера го приведе С.К.(39) од Велес, затоа што, според пријавеното, во дворот од семејната куќа физички го нападнал неговиот 41-годишен брат со тврд предмет.
За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.