Од денес, 1. јануари, пониска цена на електрична енергија за домаќинставата за 5 отсто во прв блок, изјави на прес-конференција, членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски.
„Граѓаните кои внимаваат и домаќински ја трошат струјата ќе плаќаат помалку.
Математички прецизно од 1 јануари за 5% поевтина цена во први блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти.
Само со мерката за евтината дневна тарифа на струја се граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите.
Енергетските политики и мерки што ги презеде владата предводена од СДСМ во време на Пандемија и енергетска криза даваат резултати: ниски сметки и враќање на дневната ефтина тарифа.
Визонерскиот пристап кон зголемување на енергетската независнист, јасно фокусирани кон стабилна и сигурна испорака на струја со посебно внимание кон заштита на стандардот на ранливите и пензионерите отворија можност граѓаните дирекно да имаат бенефит преку пониски сметки.
Енергетиката за граѓаните останува во фокус на СДСМ и во 2024 година“, рече Николовски.