Експлозија кај Детроит: Четири лица загинаа, двајца се повредени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во експлозија во семејна куќа во близина на Детроит четири лица го загубија животот, а две лица се повредени, соопшти локалната полиција.



Експлозијата се случила во населбата Винтерс Лејн, но нема оштетени куќи во близина, изјави заменик-поручникот на полицијата во Нортфилд, Дејв Пауел, пренесува телевизијата CBS.

Идентитетот на четворицата загинати не е веднаш соопштен, а двајцата повредени се хоспитализирани, иако не се знае со какви повреди се здобиле.

Причината за експлозијата сè уште не е објавена, но Пауел рече дека локалната компанија за природен гас реагирала за да го обезбеди местото на настанот, како и локалните пожарникари и службите за опасни материјали, како и дека електростопанството ја исклучило струјата во областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK