Повторно примени нестручни кадри во Контрола на летање, раководителите си поднесоа оставки

Повторно-примени-нестручни-кадри-во-Контрола-на-летање-раководителите-си.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекцијата на кандидати по огласот на М-НАВ за инженери во Контролата на летање пропаднала откако кандидатите избрани на контраверзните огласи се ги решавале тестовите за селекција бидејќи не ги знаеле одговорите. Но, и покрај тоа овие кандидати веќе биле примени на работа.


Поради тоа, синоќа оставки на раководните инструкторски места си поднеле сите инженери од кои зависи безбедноста на авиосообраќајот, а добиле поддршка од еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски кој е првопотпишан на оставката.

Инаку, раководителите во воздухопловна техника оставиле тест прашања за основни предзнаења на кандидатите, за да видат кој од нив може понатаму да ја продолжи обуката, односно да биде вработен. По тестот требало да следува интервју и да се изберат најдобрите кандидати.

Поради контраверзниот оглас минатата недела и контролорите на летање најавија штрајк, но се откажаа откако добија верување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дека конкурсот нема да биде „наместен“. Ова не е прва најава за штрајк на контролорите на летање поради, како што велат, самоволието на директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди кој вработува непотребни и некомпетентни кадри.

Оставки си поднеле едниот од тројцата директори Љубе Стаменковски, кој е и инструктор, раководителот на информатички и надзорни технологии, раководителот на одделот за надзорни системи, раководителот на одделот за навигациски системи, раководителот на електро-енергетски системи и раководителот на одделение за воздухопловна техника Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK