Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

Коциќ-СДСМ-вложува-во-човечкиот-капитал-вработувања-на-1117-лица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со одлука на владата предводена од СДСМ одобрено е вработување на вкупно 1.117 лица во јавните здравствени установи во земјата, на неопределено време. Ова се важни работни места, на приоритетен здравствен кадар за целиот здравствен систем и за подобрување на состојбите во македонското здравство. Инвестирањето во човечкиот капитал, во луѓето е наша политика но и нашата најголема вредност, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ на денешната прес конференција.


Сите оние млади доктори кои што работат во моментов под договор ќе можат да го продолжат свое работење во јавните здравствени установи и да го надополнат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата.

Овие одлуки се континуитет на одлуките во здравството, а со кои се подобруваат условите за здравствените работници, бидејќи задоволни здравствени работници значи и задоволни пациенти.

Тука секако спаѓаат и политиките на СДСМ за покачување на платите, усовршувањето на здравствените работници и капиталните проекти со кои се подобрени условите во здравството, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK