Двегодишното момче починало во болницата „Гемели“ во Рим, каде било префрлено со хеликоптер во многу тешка состојба.
Според италијанските медиуми, момчето било префрлено во болницата во Монтеротондо со срцев удар откако проголталo дел од играчка.
Полицијата го истражува случајот, а обвинителството отвори истрага со хипотеза за кривично дело убиство од небрежност против непознати лица.
И главниот обвинител на Тиволи, Франческо Мендито, нареди истрага за потеклото и видот на играчката што детето ја проголтало во својот дом во Монтеротондо.
Од болницата „Гемели“ соопштија дека кога детето дошло од болницата во Монтеротондо било со веќе мозочна смрт по повеќе од еден час кардиопулмонална реанимација.
Родителите дале согласност за отстранување на органите, кое било направено синоќа.