Расте бројот на загинати и повредени во последниот руски напад врз Украина

Расте-бројот-на-загинати-и-повредени-во-последниот-руски-напад.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руските комбинирани напади, почнати денеска врз неколку градови во Украина, оставија најмалку десет мртви и десетици повредени, а бројот се очекува да се зголеми додека продолжуваат операциите за помош, соопштија украинските власти.

Околу 15 лица се повредени. Четворица загинаа во областа Днепропетровск, изјави нејзиниот гувернер Сергиј Лисак, додека локалните власти пријавија два смртни случаи во Киев, двајца во Одеса, една смрт во Харков (североисточно). друга во Лавов (запад).

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија денеска лансирала околу 110 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени.

Локалните власти соопштија дека во рускиот напад врз градот Днипро загинале четири лица. Регионалниот лидер Серхиј Лисак рече дека меѓу десетината повредени во нападите има и загинати. Тој додаде дека пожарот избувнал во трговскиот центар, а оштетени се родилиштето и шесткатницата.

Украинското Министерство за здравство соопшти дека неидентификувана медицинска установа во градот е тешко оштетена, но дека сите пациенти и персоналот успеале да најдат засолниште. Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени кога проектил погодил станбени згради во јужниот град Одеса, изјави регионалниот гувернер.

Во Лавов, руските воздушни напади врз станбена зграда убиле едно лице, а три други биле повредени, според локалните власти. Последните руски напади покажуваат дека на Украина и треба повеќе помош, изјави советникот на украинскиот претседател, пренесува АФП.

Бранот комбинирани руски напади врз неколку украински градови покажува дека на земјата и е потребна „повеќе меѓународна помош“, изјави Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател.

„Правиме се што е во наша моќ да ја зајакнеме противвоздушната одбрана. Но, светот мора да види дека ни треба повеќе помош и повеќе ресурси за да го запреме овој терор“, напиша Јермак на социјалната мрежа Телеграм.

Украина денеска беше погодена од комбиниран воздушен напад со проектили и беспилотни летала, соопшти украинската армија.

Неколку градови низ Украина беа цел на рускиот напад, вклучувајќи ги Киев, Лавов, Харков и Одеса.

Претходно беше соопштено дека едно лице загинало, а осум се повредени во Харков, а уште седум се повредени во Киев при масовни руски ракетни напади.

Оштетена е зградата на метро станицата во главниот град на Украина, која се користеше како засолниште, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.

Во Харков се регистрирани 22 руски напади, во кои беа оштетени болница, станбени згради и индустриска фабрика, изјави градоначалникот Ихор Терехов.

Засега нема коментари од Русија за воздушните напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK