Бројот на жители на планетата годинава се зголеми за 75 милиони

Бројот-на-жители-на-планетата-годинава-се-зголеми-за-75.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на жители на планетата во текот на оваа година се зголемил за 75 милиони, а на Нова година ќе има повеќе од осум милијарди луѓе во светот, покажуваат денеска објавените податоци на Бирото за попис на САД.


Стапката на демографски раст во светот минатата година беше нешто под еден процент.

На почетокот на 2024 година се очекува секоја секунда во светот да има 4,3 раѓања и два смртни случаи, покажуваат податоците на Бирото.

Стапката на раст на населението во САД годинава изнесува 0,53 отсто. Во САД бројот на жители е зголемен за 1,7 милиони, а на првиот ден од Новата година ќе има 335,8 милиони жители.

Ако сегашната стапка на раст на населението во САД продолжи со ова темпо до крајот на деценијата, 2020-тите би можеле да бидат декада со најбавен раст на населението во историјата на САД, со стапка на раст од помалку од четири проценти во текот на десет години период од 2020 до 2030 година, рече Вилијам Фреј демограф во Институтот Брукингс.

Деценијата со најбавен раст на населението во САД досега беше по Големата депресија од 1930-тите, кога стапката беше 7,3 проценти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK