Крамариќ подготвен за трансфер во Серија А

Крамариќ-подготвен-за-трансфер-во-Серија-А.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Искусниот хрватски напаѓач Андреј Крамариќ по осум години би можел да го напушти Хофенхајм и кариерата да ја продолжи во Серија А.


Неговиот агент Виченцо Кавалиере вели дека трансферот би можел да се случи веќе во јануари.

„Крамариќ ги следи случувањата во Италија и убеден сум дека би можел да биде стартер во која било екипа во Серија А. Хофенхајм сака да го задржи, но пазарот е многу непредвидлив“, изјави Кавалиере во изјава за италијанските медиуми.

Крамариќ е најдобар стрелец во историјата на Хофенхајм со 123 гола. Тој дојде во овој клуб во 2016 година, првично на позајмица од Лестер, а потоа клубот го откупи неговиот договор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK