Во авторска статија објавена од американскиот весник „The Wall Street Journal“, израелскиот премиер вели дека постојат „три предуслови за мир меѓу Израел и неговите палестински соседи во Газа“.
Првиот, напиша тој, е уништувањето на Хамас, отфрлајќи ја загриженоста за високата стапка на цивилни жртви за време на израелските воени операции во Појасот Газа.
Бројот на загинати во Газа од 7 октомври се приближува до 21.000, а 250 од нив се регистрирани во последните 24 часа, според Министерството за здравство на Газа.
„Неправедно обвинување на Израел за овие жртви само ќе го охрабри Хамас и другите терористички организации ширум светот да користат жив штит“, рече Нетанјаху, откако кажа дека Израел „прави се што може“ за да избегне цивилни жртви.
Неговиот втор услов за мир е демилитаризација на Газа, обезбедувајќи таа „никогаш повеќе да не се користи како база за напад“ на Израел. Во пракса, рече тој, тоа би значело „привремен безбедносен периметар“ околу енклавата што го спречува шверцот со оружје.
Конечно, Нетанјаху повика на „дерадикализација“ на Газа, притоа упатувајќи директно на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, за кој рече дека поттикнува насилство врз Израелците.