Четиригодишно дете избодено до смрт во Лондон, уапсена 41-годишна жена

Четиригодишно-дете-избодено-до-смрт-во-Лондон-уапсена-41-годишна-жена.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четиригодишно момче е избодено до смрт во семејна куќа во источен Лондон, а за неговото убиство е уапсена жена (41), пишува „Дејли мејл“.



„Ова е крајно вознемирувачки инцидент што ќе предизвика шок и неверување кај локалната заедница и кај сите што присуствуваа на местото на настанот“, рече главниот детективски надзорник Џејмс Конвеј.

Тој изјави дека се уште се утврдуваат околностите под кои починало детето.

„Специјалистите од нашиот тим за убиства напредуваат во истрагата и продолжуваат да работат на утврдување на околностите за смртта на детето и настаните што довеле до тоа“, додаде тој.

Конвеј истакна дека и покрај тоа што инцидентот се случил во семеен дом, полицајците ќе бидат присутни на тој простор бидејќи се препознава влијанието кое ова кривично дело го има врз заедницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK