Вчера во 14.20 часот во село Бунарџик, општина Илинден, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода 64-годишниот С.М од село Бунарџик, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 10.30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во с.Бардовци, скопско“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.