(Видео) Кузеска: Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години

Видео-Кузеска-Со-ДПМНЕ-нема-членство-во-ЕУ-ниту-за.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години!. Mоже да бидат и сто години а можеби и никогаш да не биде, кажа на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.



Според неа признанието на Мицкоски во интервју пред целата јавност, е само уште една потврда на се што се говори.

„ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава.

Пропуштивме историска шанса во 2008 ма година за членство во НАТО и изгубивме 12 години поради ДПМНЕ“, вели Кузеска.

„Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ.

Граѓаните немаат нови години за губење.

Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.

Блокадите на ДПМНЕ и Левица на европскиот пат се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.

Два политички блока имаме во земјава, два концепти, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица“, кажа таа.

Според неа, изборите ќе бидат референдум за европската иднина на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK