(Видео) Зеленски: Новите санкции на Европската унија ќе ги намалат економските основи на Русија за војна

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера дека новите санкции наметнати на Москва од Европската унија „навистина ќе ја намалат“ економската база на Русија за војна против неговата земја.



ЕУ вчера го усвои 12-тиот пакет санкции против Русија, кој пред се вклучува забрана за увоз на руски дијаманти во Унијата.

Земјите од ЕУ го потврдија тој пакет во петокот, на маргините на европскиот самит, но тој не можеше да биде усвоен поради резервирањата на Австрија, кои во меѓувреме беа отстранети.

Тоа е 12-ти пакет од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, а претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен рече дека Унијата продолжува да ја поддржува Украина.

„Сето ова навистина ќе помогне да се намалат економските воени темели“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

„Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да обезбедиме санкциите наметнати од Европа да функционираат на глобално ниво“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK