(Видео) Драматични снимки од голема вулканска ерупција на Исланд: eвакуирани речиси 4.000 жители

Видео-Драматични-снимки-од-голема-вулканска-ерупција-на-Исланд-eвакуирани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На југозапад од Исланд вчера еруптираше вулкан по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти метеоролошката служба на таа земја.

На полуостровот Рејкјанес, локалните власти евакуираа речиси 4.000 жители на градот Гриндавик во последните денови и ја затворија блиската геотермална бања Сина лагуна, јавува Ројтерс.

https://www.youtube.com/watch?v=Mpd6jsNuDh4

Ова е четврта вулканска ерупција на Исланд во последните три години.

На ерупцијата и претходела, како што јави „Исланд монитор“, голем број земјотреси вчера вечер околу 21 часот на полуостровот Рејкјанес.

Непроверените податоци, на кои се повикува тој портал, укажуваат дека најголемиот земјотрес во серијата бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала и дека се случил во 21:03 часот по локално време.

На полуостровот Рејкјанес почна да еруптира вулкан, а вулканологот Торвалд Тордарсон вели дека на прв поглед ова е најлошото сценарио.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, лавата изби спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

Во изминатите недели веќе беше извршена евакуација, а речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик се преместени на безбедно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK