Бутрагењо и Валдано: Лајпциг е опасен тим

Бутрагењо-и-Валдано-Лајпциг-е-опасен-тим.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во редовите на Реал Мадрид не се премногу задоволни од резултатот од ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите.


Рекордерот на натпреварувањето го чека двомеч со германски Лајпциг.

Минатата сезона во фазата по групи, Лајпциг победи со 3:2 на домашен терен, а во Мадрид резултатот беше 2:0 за Реал.

„Тие се одличен тим. Тие се во одлична форма, ќе биде многу тешко против нив“, изјави претставникот на Реал на ждрепката, Емилио Бутрагењо и дополни:

„Нашата цел е јасна, да бидеме и во следната ждрепка“.

Лајпциг беше втор во групата со Манчестер сити, Јанг Бојс и Црвена Звезда.

„Многу непријатен ривал, со врвни играчи. Воопшто не се лесен противник“, изјави генералниот директор Хорхе Валдано.

Лајпциг игра одлично оваа сезона иако летово загуби тројца клучни играчи: Собослаи (Ливерпул), Гвардиол (М. Сити) и Нкунку (Челзи) кои ги продадоа за 200 милиони евра.

Сепак, Марко Росе повторно создаде многу конкурентен тим предводен од Чави Симонс и Луис Опенда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK