Силни налети на ветер го погодија аеродромот во Буенос Аирес додека силно невреме го зафати регионот.
Боингот 737-700 на „Aerolineas Argentinas“ беше пренесен преку пистата кон скалите што ги користеа патниците за да се качат, а подоцна се преврте на страна.
Скалилата „летаа“ кон возилата што ги користеа работниците на пистата, пренесуваат локални медиуми.
Техничарите пријавиле оштетување на 17-годишниот авион, а неговиот следен закажан лет бил откажан додека бил приземјен за поправка.
Во официјалното соопштение на се наведува: „Aerolineas Argentinas“ известува дека поради силното невреме досега се откажани 100 летови, а исто толку има и доцнења и одложувања“.
Силно невреме ја погоди Аргентина за време на викендот, при што загинаа најмалку 16 луѓе, како и во соседен Уругвај.
Силните ветрови урнаа и дрвја и улични светилки низ главниот град Буенос Аирес.