Зошто СДС не лобираше кај Шолц, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зошто-СДС-не-лобираше-кај-Шолц-да-го-извади-бугарскиот.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Од почетокот на преговорите со ЕУ на Украина и Молдавија видовме дека се се може ако се сака, ако ЕУ имаше интерес да почнеме преговори ќе најдеше начин да ја убеди Бугарија.

Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.

Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност.

Оценуваат дека со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е, како што велат, нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK