Врз основа на 81 процент од преброените гласови во Белград, листата на СНС има 21.000 гласови повеќе, од нашата листа Србија против насилство, објави коалицијата „Србија против насилство.
Со оглед на тоа што во Белград организирано беа донесени над 40.000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС, со што драстично се промени изборната волја на граѓаните на Белград, како што додаваат, бараат поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание.
„Прво бараме прочистување на избирачкиот список. Ги повикуваме граѓаните на Белград во 18 часот да протестираат против кражбата на изборната волја пред градското собрание, од каде ќе се упатиме кон седиштето на Републичката изборна комисија, се наведува во соопштението.
Тамошните медиуми потсетуваат дека српскиот претседател Александар Вучиќ, чие име беше на изборната листа на владејачката Српска напредна странка (СНС), изјави дека освоил апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори и дека СНС победила на изборите во Белград.