Доцна синоќа, околу 23 часот, поицијата го приведе Е.Б.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека украл „форд“ од жена од Битола.
Според информациите од полицијата, автомобилот бил украден неколку часа пред апсењето, а бил во сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш.
„Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.