На 15.12.2023 во 19.00 часот во с.Жировница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар – Полициско одделение Ростуше го лишиле од слобода В.В.(31) од с.Жировница. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 14/15.12.2023 со употреба на сила влегол во угостителски објект во с.Жировница, сопственост на Е.П.(44) од с.Жировница и одзел пари во различни апоени и валути. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.