Бојан Јовановски побара од Апелација да добие фер судење за да ја докаже својата невиност.
„Од денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје: Барам фер судење во повторена постапка пред Основниот кривичен суд, милост не барам! Во однос на мојата здравствена состојба, ќе се огласам сега за прв и последен пат: Јас сум со траен инвалидитет, кој не е пропратен физички деформитет и видливост“, напиша тој во објава на Фејсбук.
Тој апелира до јавноста неговото здравје да се остави на лекарите и нивните стручни проценки.
„ Ваква здравствена состојба не посакувам никому, оттука замолувам и апелирам на воздржаност и човечност“, пишува Боки 13.
Боки 13 во моментов има прекин на затворската казна за случајот Рекет, заради лекување.. Прашан кога ќе се врати во Идризово, рече тоа зависело од лекарите кои ја следат неговата здравствена состојба. Јовановски заедно со останатите обвинети од невладината со која тој раководеше, од апелационите судии побараа укинување на затворските казни.