Николоски: Високото ниво на корупција во Македонија го спречува нејзиното интегрирање во ЕУ

Aleksandar Nikoloski_436345354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во „Клик Плус“ на телевизија ТВ21 каде што зборуваше и за интегрирањето на Македонија во Европската унија и високото ниво на криминал во државата, кој го спречува нејзиното интегрирање.

Николоски посочува дека една од препораките и забелешките на Европската комисија, покрај реформите кои што ги нема, е и борбата против високопрофилираниот криминал против кој што во изминатите пет и пол години не само што нема борба туку се стимулира.


„Борба со високопрофилираниот криминал е еден од препораките на Европската Комисија, и не да нема борба со високопрофилираниот криминал  туку се стимулира  во овие пет и пол години, затоа Македонија не започнува преговори“, рече Николоски.

Додава дека Македонија има добро поставен уставно – законодавен систем за борба против криминалот и корупцијата и за воспоставување на систем за владеење на правото, но за тоа треба да се случи политиката треба да ги тргне рацете од институциите и да им се даде можност на чесните професионалци кои што во македонските институции ги има во голем број.

„Јас мислам дека Македонија има добро поставен уставно законодавен систем и мислам дека има добро организирани институции, односно, не мислам дека на Македонија и требаат ниту нови закони, ниту нови институции. Тоа што и треба на Македонија е да ги примени законите и политиката да ги ослободи институциите да работат согласно закон. 10-15 проценти од вработените во институциите се екстремно корумпирани, останатите се чесни професионалци и доколку на нив им се даде шанса институциите добро ќе работат и за шест до девет месеци ќе дојдат првите резултати. Јас гарантирам дека за шест месеци ќе дојдат првите резултати само да се тргнеме, ништо да не и правиме на институциите, никаков закон да не менуваме, никакви нови институции да не правиме, првите резултати ќе дојдат“, истакна Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK