Предупредување до пратениците во Европскиот парламент, да не пијат вода од шишињата што се делат

Предупредување-до-пратениците-во-Европскиот-парламент-да-не-пијат-вода.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска беа предупредени да не пијат вода од шишињата што се делат, откако на некои луѓе им се слоши и се јави сомневање за контаминација. „Од вас се бара да не пиете од шишињата со вода во просториите на ЕП во Стразбур“, се вели во итна СМС порака испратена до илјадници политичари и вработени.


СМС содржи и медицински број за итни случаи за контакт „во случај на изложеност“ и наведува дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола. Прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека надлежните се информирани за се. „Во тек се проверки“, напишаа од прес-службата. „Пораката е испратена како мерка на претпазливост“, додаваат оттаму.

Официјален претставник на ЕУ рече дека неколку луѓе се разболеле, но се опоравиле откако испиле флаширана вода, пренесува „Политико“. „Добро е што останав на виното“, се пошегува еден функционер на ЕУ.

Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто тоа е водата од чешмите, пишува „Politico“.

Во 2021 година, починатиот претседател на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, ја отфрли идејата дека се заразил со легионерска болест од вода од зградата на Европскиот парламент во Стразбур. Во четвртокот заврши овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK