Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да ги отворат пристапните преговори со Украина

zelenski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика европските лидери на самитот во Брисел да дозволат отворање на пристапните преговори со неговата земја, со порака дека „не е време за двоумење“.


„Не му ја давајте на Путин оваа прва – и единствена – победа годинава“, рече Зеленски.

Тој оцени дека не е време за полумерки или за двоумење.

„Денес е ден на политичка одлука, како одговор на постигнатото. Станува збор за отворање на пристапните преговори со Украина“, рече Зеленски, кој преку видео врска присуствуваше на самитот во Брисел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK