Завршни зборови на обвинителот Јакимовски: Направени се голем број пропусти, сите обвинети имаат вина за кобната несреќа кај Ласкарци

Поради-изборот-на-новите-судии-во-Апелација-им-се-заканува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител Дарко Јакимовски ги даваше завршните зборови во врска со случајот „Ласкарци“.


Тој рече дека постои цел корпус на безбедносни задолженија и обврски кои обвинетите во континуитет не ги почитувале. Рече дека вештаците на кои обвинителството ги темелело доказите, во ниту еден момент не калкулирале со доказите, а во другите вештачења, се само препишани пресметките.

Рече дека никој од одбраната не негира дека нема вина, а според одбраната на секој обвинет во оваа незгода, одговорноста за сите пропусти ја префрла на некој друг.

„Ако се анализира одбраната на првите петмина осомничени, се добива впечаток дека сѐ зависело од шестообвинетиот – возачот на автобусот. Ако, пак, се проучи одбраната на шестообвинетиот, се покажа како во автобусот воопшто да немало возач“, рече обвинителот.

Тој нагласи дека вина за оваа сообраќајна незгода имаат сите обвинети.

Автобуската несреќа кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, а загинаа 16 лица.

Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK