Убиени уште двајца заложници држени од Хамас во Појасот Газа: телата се’ уште се во рацете на милитантите

Убиени-уште-двајца-заложници-држени-од-Хамас-во-Појасот-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел потврди дека се убиени уште двајца заложници кои ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.


Убиството на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, го потврдија и нивните кибуци, пишува „Џерусалим пост“.

Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитантна група.

Хаими, кој беше киднапиран во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата. Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалим пост“.

Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во Нахал Оза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK