Во 2021, јас како кандидат за градоначалник на Левица за општина Карпош, заедно со советничката група на Левица – Карпош предупредувавме дека ќе дојде до овој момент, рече Дарко Ристовски по најавата на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за изградбата на зградите кај „Алумина“.
„Верувам дека советниците ќе направат се што е во нивна моќ да овој ДУП воопшто не дојде ни на ред да се гласа. На Карпош, а посебно на овој потег односно блок кај Алумина не му требаат ниту нови жители, а уште помалку нови главоболки од инфраструктурен карактер како што се недостаток на паркинг места, нерегулирани сообраќајници или комунални проблеми“, вели Ристовски.
Тој смета дека Карпош е општина која треба да се развива кон северозападниот дел, наместо да се централизираат новите градби во веќе пренаселениот појас на Тафталиџе.
Апелира до сите жители на општината и свесни граѓани на овој град, да не потпаѓаат под влијанието на слаткоречиви ветувања кои се една голема лага од почеток до крај на секоја реченица која ја изговори актуелниот градоначалник.