Виктор Осимен го продолжи договорот со Наполи

Виктор-Осимен-го-продолжи-договорот-со-Наполи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, одлучи да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија.


Според информациите од Италија, Нигериецот ќе го носи дресот на наполитанците до 2026 година. Двете страни се договориле откупната клаузула во договорот да биде 130 милиони евра, што значи дека Осимен и во летниот преоден рок може да го напушти Наполи.

Сериозен интерес за него постои кај Челси и кај клубовите од Саудиска Арабија.

Не се објавени информации за тоа колку ќе биде платен, но медиумите во Италија истакнуваат дека тој ќе биде еден од најплатените играчи во клупската историја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK